„Опседнат со идејата да убива деца“ вака го опишува полицијата лицето кое влезе во црква близу училиште уби две малолетни деца, повреди уште 18, а потоа oд прострелните рани кои си ги нанел сам починал.
Во американската држава Минесота, во градот Минеаполис 23-годишниот Робин Вестман отвори оган врз ученици кои во моментот се молеле во црквата „Благовештение“. Според истрагата, напаѓачот користел три легално купени огнени оружја и испукал десетици куршуми низ прозорците на училиштето. На местото е пронајдена и димна бомба.
Сведоците ги опишуваат сцените како хорор филм и дека никогаш нема да ја заборават глетка каде ранетите деца бегале од црквата, молејќи за помош.
Родителите на загинатите деца ја изразија својата скршеност и болка и повикаа на итна акција за да се запре насилството со оружје.









