Остра реакција од ДУИ за изјавата на Мицкоски дека службен јазик на територија на цела држава е македонскиот

0
420

Обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и Законот за употреба на јазиците од 2018 година, кој е оспорен пред Уставниот суд. Вака од ДУИ реагираат на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, кој коментирајки го ветото на претседателката, рече дека службен јазик на територија на цела држава е македонскиот а оние граѓани кои ќе побараат формулар на албански ќе полагаат и ќе добијат лиценца на албански јазик.

Обвинуваат дека власта има план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, од Законот од 2008 година.

За ДУИ, ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик изјави Амир Шабани.