Чисто политиканство – вака дел од независните ја коментираат вчерашната изјава на премиерот Мицкоски кој говореше за изборниот процес, но и посочи дека доколку изборите поминат со одредени нерегуларности не ја исклучува можноста и за назначување на владини повереници.
Од Зелен хуман град велат дека за да не дојде до такви сценарија најдобро е да се направат измените за изборниот законик на кои укажувале и дека се уште има време за тоа.
И дел од партиите денеска со остри рекации и критики за изјавата на премиерот за владините поовереници. Од СДСМ во реакцијата наведуваат:
СДСМ
– Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја. Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја.
И од ДУИ денеска со слична реакција откако нивниот кандидат за Чаир Бујар Османи посочи дека вчерашната изјава на премиерот е само уште еден обид кој како што вели потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има влијание врз секој сегмент во општеството.
Фактот дека премиерот го има последниот збор прв покажува каква е неговата желба, да нема редовен процес, владата да може да го освои дури и тој сегмент што досега не го освоила, бидејќи државата е целосно заробена, гледате, во секој сегмент имате целосна партизација
Реакција и сомнежи за изборниот процес денеска изразија и од Левица иако како што велат ја поздравуваат одлуката независните да можат полесно да партиципираат во изборниот процес .
Сомнежите но и скептичноста дека може да се фрли сенка на изборниот процес се појавија откако не се гласаа измените во изборниот законик во собрание а изборниот процес ќе мора да се води по правилникот на ДИК кој овозможува многу понизок прак за собирање потписи за независните што импутира на тоа дека гласачките ливчиња можат да бидат долги и по неколку метри и ова може да предизвика сериозна забуна за гласачите и за време на изборниот процес.









