Маглата утрово предизвика големи проблеми за полетувањата и слетувањата на скопскиот аеродром, поради тоа сите летови беа откажани или пренасочени кон најблиските градови.
Дел од авионите се најавени со задоцнувања, но не е познато дали во текот на денот ќе има слетувања или полетувања.
Поради намалената видливост, откажани се летовите на:
„Виз Ер“ (Wizz Air): Кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција;
„Кроација Ерлајнс“: Кон Загреб;
„Туркиш Ерлајнс“: Кон Истанбул.
Дел од летовите биле пренасочени и слетале на аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Тирана и Солун.
Единствено во моментов е потврдено слетување на авион кој доаѓа од Софија за во 13:30 часот на скопскиот аеродром. Има отворена капија и за некои авиони кои треба да полетаат, но не е познато дали ќе добијат дозвола.









