О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

0
320

Влатко Ѓорчев е лицето од Македонија во Стејт Департментот на САД, кое молело да не биде срушена тогашната влада на Никола Груевски во 2016.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, ова го тврди во поткастот на Тим Пул, а сега излезе и видео на кое таа го соопштува неговото име и фотографија.

Според нејзините кажувата, тој за време на поранешната администрација на Доналд Трамп молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.