Палчо го држеше пиштилот во рака пред да биде убиена Вања, кажа обвинетиот Кешишев во судот

0
335

Влатко Кешишев го видел Љупчо Палевски како држи пиштол во рака пред да биде убиена Вања Ѓорчевска, слушнал тап истрел, а потоа бил повикан да дојде и да помогне со закопувањето – обвинетиот тврди дека ја зборува вистината, не се правда ниту пак некого обвинува. Палевски го задолжил да чува стража на 20-тина метри од местото каде што ја закопале Вања, а не знаел дека станува збор за дете, тоа го видел на социјалните мрежи. Кешишев сведочеше пред судот во отсуство на Палевски – судечкиот совет одлучи да го острани од судницата бидејќи обвинетиот имал страв од него.

„Па едно 3-4 пати се свртев да видам што се случува, првиот пат ги видов кога разговараа а гепекот беше отворен, не знам што разговарале беа одалечени. Повторно кажувам не се правдам, не напаѓам никого туку кажувам како што беше. Чекав таму,они разговараа. И после кога се свртев работеа, копеа. И последниот пат кога се свртев видов дека Палчо држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. И потоа слушнав истрел пукање ап-тап ама некако тапо. Како неприслушно. На крај ми викнаа да го ззатрупаме телото и не го видов беше покриено со земја. Се покри се за кратко време, ставивме стари работи кои ги најдовме таму, се што имаше фрлено. Тогаш Палчо ги избриша лопатите, една лопати и ашов и еден копач со ВД 40. Ги ставивме во кангуто, позади јас и Боре, а Палчо возеше со кангуто. Вељо го возеше цитроенот. Излеговме на патот на селото Бразда, на едно 500 метри ни кажа ќе ги фрлам лопатите и копачите во една банкина покрај патот, каде што имаше капини. Јас ги фрлив, он полека возеше, и продолжив со кангуто до местото каде што се запали цитроенот“ рече Кешишев.
Лопатите и копачот Палевски ги купил од Бит пазар, рече Кешишев додека пазарале храна за во партијата. И моторолите ги купил Палчо, а пиштолот бил на Боре, така слушнав тука, сведочеше обвинетиот.