Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје

0
428

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.

Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.

Во пожарот што се случи во неделата рано сабајле загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.