„Постои опција за членство во ЕУ за нас, но без право на глас“, вели Мицкоски

0
168

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постои опција за членство во Европската унија, но без право на глас, што, како што изјави , би се случила во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина.

– Постои една идеја која се погласно се слуша и во Брисел и наоколу и го опфаќа мировниот план за Украина во кој практично интеграцијата на Украина, а со цел идна реконструкција, во рамки на ЕУ би била на брза лента. Тоа би било непринципиелно кон Западен Балкан и постојат две сценарија. Добро е што и ние сме во двете сценарија. Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија да стане членка на ЕУ и тоа на почеток на 2027, седне на масата, се развиори македонското знаме во Брисел, но без право на глас. Да учествуваме во работата на советот, комисиите, телата, со многу внатрешни контролни механизми, рече Мицкоски, во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.