Ристоска до Мицкоски: Кога кандидат однапред се исклучува, подобноста е примарна

0
184

Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, реагира Ристоска.

И опозициската СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски за директно мешање во изборот на нов државен јавен обвинител и „погребување“ на правната држава. Од СДСМ тврдат дека промената на јавниот обвинител била политичка цел на Мицкоски со цел воспоставување на целосна контрола врз судството и обвинителството. Според партијата, елиминацијата на Ристоска е потврда дека на власта не ѝ одговара професионалец со интегритет.