Потресно сведочење на мајката од Кочани: Ќерката ја најдовме во болница, починала без да ѝ дадат кислород

0
247

На денешниот протест на родителите и блиските на починатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред камерите сведочеше мајка, пожарникарка чија ќерка Ивона Антова, загина кобната ноќ на 16 март.

Вистинска драма се одвивала во болницата каде дел од извлечените гости во дискотеката биле донесени живи, но имале проблеми со дишењето од вдишаниот чад, но не добиле кислород во клучните моменти по што починале.

-Мојата ќерка беше жива, почина во болница, маж ми ја најде покриена со ќебе, легната на страна. Не ѝ е дадено кислород! Таа ја најдовме – вели единствената жена пожарникар во Кочани, мајка на починатата Ивона.

– Кога ми се слоши немаше кислород, кога дознав дека ми е почината ќерката и за мене немаше кислород, вели мајката која како пожарникар волонтер учествувала на многу интервенции претходно, но не ја повикале и ноќта кога гореше дискотеката.