Почина најстариот човек на светот, според Гинисовата книга на рекорди. Јапонката Томико Итока почина на 116-годишна возраст.
Јошицугу Нагата, службеник задолжен за политики за стари лица, рече дека Итока почина на 29 декември во старечки дом во Ашија, префектурата Хјого во централна Јапонија.
Итока, е родена на 23 мај 1908 година. Таа стана најстарата личност минатата година по смртта на 117-годишната Марија Брањас, според Геронтолошката истражувачка група (ГРГ).
Кога ѝ рекле дека е на врвот на светската ранг листа на суперстогодишници, таа едноставно одговорила: „Благодарам“.
„Родена во Осака, Итока беше одбојкарка во средно училиште и долго време имаше репутација на немирен дух, рече Нагата.
Таа двапати се искачи на планината Онтаке висока 3.067 метри.
Јапонката се омажила на 20-годишна возраст и имала две ќерки, два сина и пет внуци, според Геронтолошката истражувачка група.









