По срцев удар се удавило момче (20) од Македонија – Трагедија на Халкидики

0
670

На централната плажа во туристичкото место Ханиоти на Халкидики во Грција, се удавило 19-годишно момче од Македонија, пренесува порталот Халкидикињуз.

Според извештајот на волонтерот, младото лице доживеал срцев удар по давење.

Локалниот спасувач веднаш интервенирал и го извлекле младото лице на плажа, и веднаш е почната реанимација со дефибрилатор.

Неколку минути подоцна на местото на настанот пристигнал уште еден спасувач кој учествувал во напорите за враќање во живот на 19-годишникот. Пристигнала и екипа на брзата помош, меѓутоа од младиот човек немало реакција.

Деветнаесетгодишникот бил префрлен во Здравствениот дом Касандрија, но лекарите за кратко време констатирале смрт.