По 20 години се затвора познат медиумски сервис на македонски јазик

0
174

По повеќе од две децении континуирана работа, македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе престане со работа, оставајќи празнина во медиумскиот простор на македонски јазик.

Одлуката за затворање доаѓа како резултат на финансиски предизвици со кои се соочува организацијата, што ја принудува да направи нова распределба на ресурсите и да ги преиспита своите приоритети на глобално ниво, велат оттаму.

Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус, истакна дека ваквиот чекор не бил лесен, нагласувајќи дека станува збор за значајна загуба за публиката која со години се информираше преку овие сервиси. Тој изрази благодарност до новинарските тимови за нивната посветеност и професионалност, како и за високите стандарди што ги одржувале во текот на нивното работење.

Македонскиот сервис беше активен од 2001 година, информирајќи ја јавноста за клучни политички, општествени и економски теми, и често претставуваше извор на независно и релевантно новинарство.

Со неговото згаснување, медиумската сцена останува без уште еден препознатлив глас кој придонесуваше за плурализам и критичко информирање на јавноста.