ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА Не се присутни двајца министри за кои имало прашања

0
154
CjMKL1NuYXBjaGF0LzEzLjcwLjEuMCAoaVBob25lMTYsMjsgaU9TIDI2LjE7IGd6aXApIAI=

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница, на која во тек се опозициски пратенички прашања, откако координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски упати критика до власта, односно до одредени министри дека не се присутни на седницата, но и во однос на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од владејачката коалиција.

– Прво, во однос на пратеничките прашања за коишто гледаме дека практично не се присутни оние на коишто треба да им се поставуваат. Пратеничката група на СДСМ побара до премиерот, од оправдани причини тој не е тука, меѓутоа по Деловник имаше право да назначи заменик. Вчера на координација утврдивме дека треба да доставиме нов список. На новиот список ставивме двајца министри, министерот за економија и министерот за животна средина. Тие не се тука. Значи, нема цел да имате опозициски пратенички прашања, кога тие коишто треба да ги прашате не се тука, а се должни да бидат тука и да одговараат пред народното Собрание, рече Спасовски.