Први снимки од Турција: Граѓаните во паника ги напуштаат домовите, има урнати згради

0
249

Земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди западна Турција вечерва.

Според сеизмолошките служби, земјотресот е регистриран во 19:48:29 часот UTC, односно 22:48:29 часот по локално време.

Епицентарот бил на координатите 39,1538 северна географска ширина и 28,2184 источна географска должина, 62 километри југоисточно од Баликешир и 10 километри јужно од Синдирги.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.