Човек е прегазен денеска околу пладне на скопската улица „Народен фронт“, во близина на трговскиот „Зебра“, а возачот избегал.
Во моментот полиција го обезбедува местото, а повредениот е пренесен во болница. На асфалтот има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а се гледа и крв.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а со оглед на тоа што од едната страна има паркирани автомобили, движењето е отежнато.
Сообраќајката се случила на место каде нема пешачки премин, но пешаците често ја поминуваат оваа улица токму на тоа место, затоа што на крајот на патеката има детско игралиште и клупи за седење, па фреквенцијата на луѓе е голема.
Се очекуваат детали од полиција.









