Граѓаните на Тетово кои денеска дојдоа во Управата за матични книги, се вратија без да завршат работа.
Вработените во оваа институција започнаа бојкот, бидејќи веќе две години бараат потпишување на Колективниот договор.
Граѓаните што ги сретнавме, иако останаа без јавна услуга, велат дека ги разбираат:
„Никој не работи таму, затворено е.“
„Што да кажам?“









