Предупредување за возачите, магла и одрони на неколку делници

0
320

Поради појава на магла која ја намалува видливоста до 30 метри, на патниот правец од село Гајре до Попова Шапка, вечерва условите за возење се значително отежнати, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Според официјалното соопштение, маглата значително го намалува опсегот на видливост, што прави возењето да биде опасно, особено на овој дел од патот. Возачите се предупредуваат да бидат внимателни, да ја намалат брзината и да се придржуваат на поставената сообраќајна сигнализација.

Како што се додава во соопштението, останатите патни правци низ земјата се под зимски услови, при што на повисоките предели се забележани влажни коловози, додека на пониските места тие се претежно суви.

„Работните екипи на претпријатието се целосно ангажирани во расчистувањето на патиштата, а на терен се и нивните соработници, кои се ангажирани за справување со снежните наноси“,