Премиерот Мицкоски очекува засилена динамика со Бугарија после нова година

0
250

Мицкоски очекува засилена динамика во разговорите со Бугарија по нова година. На брифинг со новинарите, премиерот Мицкоски порача дека на оваа тема разговарал со премиер од една од водечките земји членки на ЕУ очекува посериозна акција од други центри на моќ, но и подготвеност од Софија. Вели она што е најбитно во моментот е другата страна да седне и да разговара.

За Акцискиот план за малцинствата кој Македонија е обврзана да го направи според преговарачката рамка, Мицкоски порача дека е вратен од Совет на Европа со забелешки, откако ќе помине на владина седница – ќе се прати во Брисел, а допрва ќе се види и дали Софија ќе го блокира.

Христијан Мицкоски премиер – За решавање на спорот со Бугарија, потребна е посериозна акција и од други центри на моќ, како што тоа беше за пругата од коридорот 8. Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја од посилна страна. Ние сме подготвени да седнеме и да разговараме – ако има таква подготвеност и од другата страна. Очекуваме поголема динамика во дијалогот со официјална Софија, по нова година.

На брифингот посветен на Планот за раст и реформската агенда премиерот порача дека очекува во следниот извештај на ЕК Макеоднија да предводи од регионот. На прашањето како ќе се стигне со реформите со оглед на тоа дека земјата има исполнето само 3 од вкупно 5 чекори до декември 2024та, 9 од предвидените 16 до јуни 2025та и дополнителни чекори до декември 2025та приемиерот порача дека интензивно се работи.

Според министерот Муртезани пак, најголема загриженост во Брисел бил Кривичниот законик. Порачаа дека законите за владеење на правото се завршени, но пречката за да влезат во процедура е поради процентот на платите на судиите и јавните обвинители кои ЕУ ги бара од земјава – да бидат вметнати во законите. Мицкоски ја спомна и платата на македонскиот претставник во Eurojust, која треба да ја одреди Јавното обвинителство. Според него таа може да биде многу голема, порача дека Владата бара – таа да биде во висина на дипломат од трет ранг во амбасадите во странство.

– Не се согласуваме таму да има зголемување на примањата. Во таквите законски решенија, би се предвидело од буџетот на државата да се одвојува за плати 0,8 проценти за судиите и 0,5 проценти за јавните обвинители или плати од 300 до 350 илјади денари, или 100 милиони евра годишно само за плати што е двојно повеќе од сега. Тоа за нас е неприфатливо, особено за правосуден систем кој има 2 проценти доверба, порача Мицкоски.

Премиерот денеска порача дека за сите чекори кои се преземаат во однос на реформската агенда – информирана е опзоцијата. Повтори дека со нетрпение ја очекува предлог резолуцијата за црвените линии на лидерот на СДСМ Филипче.

Владата е стабила порача Мицкоски и изјави дека нема да оди на предвремени парламентарни избори, дека има мандат од 4 години и не би било фер и одговорно кон граѓаните да се прекине тој мандат.

Tv24