Премиерот: Секој вмешан во случајот со „Пулс“ мора да одговара пред правдата, од Обвинителстовто не сум задоволен

0
219

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско за вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:

„Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата.“