Тројца осомничени се во притвор под сомнение дека оддавале службени тајни, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Осомничените се поранешните полицајци Дарко Групчев и Ејуп Акија, како и Оливер Петров, кој бил посредник помеѓу нив и криминалната група од Грчец. Полицијата ги открила преку апликацијата Скај, а при претресите на 3 ноември биле пронајдени телефони, лаптопи и документација. Тошковски најави дека обемните докази може да доведат до нови истраги за организиран криминал и корупција.
Home Вести Македонија Притвор за оддавање службени тајни: Поранешни полициски службеници соработувале со криминалната група...









