При ископ во с.Калишта, струшко била пронајдена артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна

0
258

На 16.06.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во с.Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа.

Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната.