Професорот Калаџиев добивал закани за ставовите што ги кажува

0
662

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, кој подлого време да не се злопутребува институцијата притвор и да се одредува само кога е крајно неопходно, стана цел на закани. Тој вчера на Фејсбук напиша: „Притворот не смее да се користи за државата да се покаже сериозна!! Тоа е злоупотреба и ќе падне во Стразбур!”, алудирајќи на големиот број притвори одредени во истрагата за трагедијата во Кочани. во Стадион 77 ја коментираше процедурата на истрага за пожарот во клубот Пулс во Кочани и фактот дека досега се притворени 34 лица.

Гостувајќи во емисијата „Стадион“ на канал 77 Калајџиев рече дека во постапката не се почитува пресумпцијата на невиност, како и и дека според меѓународните стандарди и уставот, притворот е крајна нужда.

„Во теорија е невозможно да има потреба 34 лица да ги ставите во протвор. Тоа се користи како крајна мерка. Тука не станува збор за криминална структура и нема реална опасност од бегство. Луѓето коментираат зошто актуелен министер не е предмет на истрага, а претходниот го гледаме со лисици“, рече Калајџиев.

Целиот текст тука, infomax.mk