Втората делница од автопатот од Кичево до Охрид во должина од 17 километри денеска е пуштена за собраќај.
Се работи за пат од Климештани до Охрид, а на отворањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, како и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
За Николоски, автопатот е симбол за посветена работа и симбол за неработењето на претходната влада предвоена од СДСМ и ДУИ.









