Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

0
52

Здружението на граѓани 16ти Март 2025“ на социјалните мрежи реагираше во врска со барањето на одбраната на Дејан Јованов -Деко, првообвинетиот за пожарот во „Пулс“, кој е сопственик на т.н. дискотека, тој да оди во куќен притвор.

„Како семејства на починатите млади лица, ова барање го доживуваме како навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца. Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо одговорност гледаме упорни обиди за бегство од тежината на одговорноста.

Особено загрижува фактот што олеснување на мерките веќе е дозволено кај поголем дел од обвинетите, што создава чувство дека оваа трагедија се минимизира и дека човечките животи стануваат споредна работа.

Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови. Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност. Дали воопшто се запрашавте – имаа ли нашите деца “олеснителни услови” додека умираа?