РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД КОЧАНИ БАРААТ ДА СЕ ПРЕИСПИТА ЦЕЛИОТ СЛУЧАЈ

0
239

Родителите на жртви од пожарот во „Пулс“  го одржаа 34. по ред „Марш за ангелите“, протестувајќи против, како што велат, недоволната транспарентност и ефективност на истрагата. Маршот, кој започна од „Паркот на Револуцијата“ и се движеше кон зградата на Судот и Обвинителството, беше придружен со пораки за проширување на истрагата и утврдување индивидуална одговорност

Тие побараа јавни образложенија од надлежните за тоа зошто одредени лица сè уште не се опфатени со постапката. Александар Наунов, татко на починато девојче во „Пулс“, истакна дека постојат лица кои се основано сомнителни, но ниту се осомничени, ниту се предмет на видлива истрага.

Александар Наунов, татко на починато девојче, рече дека семејствата се гневни затоа што, како што тврди, постојат и други лица за кои и јавноста и родителите основано знаат дека сносат вина, но не се осомничени и не се предмет на видлива и транспарентна истраг. Неговата порака беше дека жртвите не се бројка и дека маршот е потсетник оти семејствата не се откажуваат од вистината.

Верица Трифунова, мајка на почината Моника Спасова, уште подиректно ја сврза оставката со чувството дека истрагата не ја допрела суштината. Таа рече дека Коцевски, според неа, немал храброст и волја самостојно да го отвори предметот од самиот ден на трагедијата, туку барал информации од МВР, додека постапките што следеле биле насочени кон лица кои и претходно биле предмет на сомнежи, а „вистинските носители на моќ и одговорност“ останале заштитени. Според неа, гонењето на „неколку ситни функционери“ создало привид на правда и служело за заташкување, наместо за директна институционална и индивидуална одговорност

Тие се осврнаа и на оставката на сега веќе поранешениот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, а упатија и порака до тој што ќе го наследи на функцијата, со која бараат да се преиспита целокупниот предмет од почеток и, како што рекоа, да се утврди кој знаел, кој дозволил, кој премолчал и кој не постапил.