Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески по којзнае кој пат ја испрати истата порака до извршната и законодавната власт, да покаже вистинска волја и да му даде финансиска поддршка на Јавното обвинителство за да му овозможи функционирање.
Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство во јавноста која е финансирана со европски пари, но барањето за повеќе пари за Обвинителството го испрати не само за транспарентноста, туку и општо за функционирањето на Обвинителството









