Саубермакер Тетово претставува важен чекор кон почиста, поздравa и поеколошка населба

0
276

Со особено задоволство, Саубермакер Тетово го објавува почетокот на една значајна иницијатива, која има за цел не само ефикасно управување со отпадот, туку и подобрување на еколошката култура преку примена на принципите на кружната економија и стандардите на матичната компанија.

Денес го претставуваме пилот-проектот за поставување на садови за рециклирање во населбата Тетовчанка – иницијатива која е планирана уште од почетокот на работата на Саубермахер Тетово, а подготовките започнаа на почетокот на оваа година.

Оваа иницијатива претставува чекор кон промена на начинот на кој го третираме отпадот и ја штитиме нашата животна средина.Познато е дека управувањето со отпадот е еден од главните предизвици на современите градови.

Многу материјали како пластика, хартија, стакло и метал може повторно да се вратат во употреба преку процесот на рециклирање. Поради оваа причина, Саубермакер Тетово презема конкретни чекори за да го направи процесот на селекција и рециклирање на отпадот полесен и поефикасен.

Истакнуваме дека во моментов, на повеќе јавни локации во градот, во населбата Тетовчканка се поставени садови од 1.1 м³ – вкупно на 19 јавни локации – опремени со контејнери со различни бои според материјал: жолта (за пластика), сина (за хартија) и зелена (за мешан комунален отпад).

Во наредните денови ќе се изврши дистрибуција на контејнери и на уште 10 дополнителни локации.Улиците предвидени за поставување на садови од 1.1 м³ во овој пилот-проект се: улица Илиндeнска, ул. 113, Мехмет Паша Дерала, улица Илирија, Благоја Тоска и Дервиш Цара.За домаќинствата во населбата Тетовчанка, е предвидена дистрибуција на 120-литарски индивидуални канти за 205 домаќинства, поделени според материјал: 205 жолти (за пластика), 205 сини (за хартија) и 205 црни/зелени (за мешан комунален отпад).

Во името на транспарентноста, коректноста, вклученоста на заедницата и зголемувањето на квалитетот на услугата, компанијата Саубермакер има имплементирано и електронски модули на својот веб портал:-ќ

💻 Локации на контејнери на јавни простори: https://saubermacher-tetovo.mk/LokaciiKontejneri.aspx
📩 Пријавување на состојбата на контејнерите: https://saubermacher-tetovo.mk/Reklamacii.aspx

 

Ова е само почеток на една голема трансформација. Со селектирање на отпадот на извор и користење на садовите за рециклирање, сите заедно придонесуваме за почисто и поздраво Тетово. Саубермакер Тетово останува посветен да работи заедно со граѓаните за поодржлива