Саубермахер: Во рамки на денешната акција беа собрани и транспортирани 2,5 тони отпад

0
97

Подолу е целото соопштение на Саубермахер по повод еколошката акција на Шара:

Во рамките на националната иницијатива „Генералка Викенд“ се реализира голема акција за чистење во селото Бродец, со цел заштита на животната средина и подигнување на јавната свест за правилно управување со отпадот.

Вкупно, во денешната акција беа собрани и транспортирани 2,5 тони отпад. Акцијата за чистење на локалитетите во близина на селото Бродец ќе продолжи и во наредните два дена.

Во оваа активност учествуваат заменик-амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Матијас Хуменбергер, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, како и претставници на компанијата Саубермахер, Армијата на Република Северна Македонија и претставници на Националниот парк Шар Планина, заедно со бројни граѓани, активисти и волонтери.

Акцијата е фокусирана на чистење на загадените подрачја во Бродец, отстранување на дивите депонии и промовирање на одржливи практики за заштита на природата. Учеството на институциите и меѓународните партнери ја нагласува важноста на заедничката соработка во справувањето со еколошките предизвици.

Клучна улога во реализацијата на оваа акција има компанијата Саубермахер, која како специјализиран оператор за управување со отпад обезбедува логистичка поддршка, собирање и соодветно депонирање на собраниот отпад. Преку своето искуство и професионални капацитети, Саубермахер директно придонесува за подобрување на животната средина и промовирање на современи стандарди за управување со отпад.

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, повторно потврди дека Општината останува посветена на почиста и поздравa животна средина за сите граѓани. Тој истакна дека ваквите акции се од суштинско значење за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот во нашата заедница.

„Заштитата на животната средина е заедничка одговорност и овие иницијативи покажуваат дека соработката помеѓу институциите, приватниот сектор и граѓаните може да донесе конкретни и одржливи резултати“, истакна Матијас Хуменбергер, заменик-амбасадор на Австрија во Република Северна Македонија.

„Шар Планина е природно богатство кое треба заеднички да го чуваме. Овие акции покажуваат дека со координација и посветеност можеме да постигнеме конкретни резултати во заштитата на животната средина. Апелираме оваа одговорност да се одрази и во секојдневието, со цел да се обезбеди долгорочна заштита на природата“, потенцираше директорот на Националниот парк Шар Планина, Евзал Елмази.

Додека, директорот на компанијата Саубермахер, Арсим Фидани, нагласи дека одговорноста за чиста животна средина не е само институционална, туку е заедничка одговорност, вклучувајќи ги и граѓаните. Саубермахер останува посветена на модерниот и одржлив развој на управувањето со отпад. Соработката со општината и активностите за подигнување на свеста се клучни за долгорочни резултати. Оваа активност е добар пример како преку заеднички дејствија ја штитиме природата.

„Генералка Викенд“ претставува една од најголемите иницијативи за чистење во земјата, мобилизирајќи ги граѓаните, институциите и приватниот сектор за заедничка цел – почиста и поздрава животна средина за сите. Оваа акција воедно испраќа јасна порака за важноста од грижата за природата и заедничката одговорност за нејзина заштита.

Вкупно, во денешната акција беа собрани и транспортирани 2,5 тони отпад. Акцијата за чистење на локалитетите во близина на селото Бродец ќе продолжи и во наредните два дена.