Саубермахер и годинава ќе учествува на еко-акцијата Генералка Викенд – ќе спроведе образовна програма и разни видови соработка

0
122

Саубемахер Тетово (Saubermacher Tetovo) го организираше вториот настан „На кафе со Саубермахер“ во Младинскиот центар во Тетово. Во атмосфера на конструктивен дијалог, Саубемахер Тетово, со партнерот Man and Mountain LLC (Мен енд Маунтин ЛЛЦ) од Скопје, ги презентираа активностите како дел од ПР и медиумската стратегија „Заедно за почисто Тетово“, споделија информации за секојдневното работење на компанијата во обезбедување на услугата за собирање и депонирање на комунален отпад. На настанот присуствуваа претставници на медиумите, граѓанското општество, партнери, соработници како и Државна пазарна инспекција-Тетово.

Организаторите ги презентираа тековните и идните активности, вклучувајќи ја кампањата на социјалните медиуми за подигање на свеста кај граѓаните за третманот и правилното одложување на отпад и соработката со локалните институции и медиуми во постигнување на поголем досег. Исто така, беа истакнати неколку иницијативи развиени во рамките на платформата за „Дијалог со граѓаните“: двојазични информативни летоци и дигитални алатки кои им овозможуваат на граѓаните лесен пристап до нивните фактури и можност за регистрација и плаќање од каде било и во кое било време, алатки кои исто така помагаат во надминувањето на предизвиците на неажурираниот локален систем на адреси.

Како дел од ангажманот во заедницата, Saubermacher (Саубермахер) најави претстојни јавни настани, образовна програма за ученици на возраст од 12 до 15 години и продолжена соработка со верските заедници, деловни центри и јавни институции, со цел промовирање на еколошката одговорност.

Компанијата, исто така, го потврди своето учество, трета година по ред, во Генералка Викенд, најголемата национална иницијатива за чистење на животната средина. Оваа година, волонтери и институционални партнери ќе ги продолжат напорите за чистење во Тетово, со фокус на Националниот парк Шар Планина, зголемувајќи го успехот од претходните години, во собирање на отпад и расчистување на дивите депонии на територијата на националниот парк.

Директниот дијалог со граѓаните останува од клучно значење за подобрување на услугите на Саубемахер Тетово, решавање на предизвиците и градење на доверба. Оттаму, настанот „На кафе со Саубемахер“, инициран во 2025 година, освен како информативна платформа за активностите на компанијата, претставува и отворен форум на кој поканетите учесници споделуваат мислења, укажуваат на предизвиците и даваат идеи за подобрување на работењето и надминување на пречките.

Преку континуиран ангажман и активности за подигање на свеста, Саубемахер Тетово има за цел да ги подобри своите услуги кои придонесуваат кон почиста животна средина и вистински партнерства со заедницата низ целата општина.