„Ако навистина тој е користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа и да го објави списокот на патници, односно кој се бил со него во владиниот авион“, велат од опозицијата
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) бара од власта да докаже дека владиниот авион бил користен согласно процедурите и да објави кој се патувал заедно со премиерот Христијан Мицкоски.
„Владата на Мицкоски во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранското Море соопшти дека јавно дека наводно авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење и дека секое користење е евидентирано и документирано. Ако навистина тој е користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа и да го објави списокот на патници, односно кој бил со Мицкоски во владиниот авион“,
се вели во партиската реакција.









