СДСМ: Во кое својство и зошто токму Орце Ѓорѓиевски денеска го отвори Скопскиот маратон?

0
188

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандаити за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон.

Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот? – прашуваат во соопштението до јавноста од СДСМ.

Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.

Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.

СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.

И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува. – додаваат од СДСМ.