СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

0
194

Опозициската СДСМ преку соопштение обвини дека снегот што падна во јануари ја затекнал неподготвена власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека институциите не функционираат, а улиците и патиштата не се исчистени.

Од партијата наведуваат дека фотографиите од Скопје и од повеќе делови од државата покажуваат небезбеден сообраќај и целосен колапс. СДСМ тврди дека граѓаните се оставени сами, додека градоначалниците и функционерите од ВМРО, како што наведуваат, профитираат преку тендери за чистење снег.

Во соопштението се посочува дека нема средства за плати, пензии и опрема, но дека пари има за тендери за, како што велат, блиски фирми до власта. Според СДСМ, ваквите политики водат кон блокирана држава и ја претвораат Македонија во „црна точка во Европа“.