СДСМ ја оспори пред уставниот суд резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

0
187

Опозициската СДСМ пред уставен ќе ја оспорува владината резолуција за мигрантите откако денеска потпретседателката на партијата Јована Тренчевска до Уставниот суд поднесе преставка со која како што посочи на пресконференција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ со оваа нивна резолуција го поткопувале уставниот поредок.

Вели актуелната власт се обидува на секој можен начи да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот – мигранти за пари, и се обидувала да ја спречи вистината да излезе на виделина. Со ова од Бихаќка најавуваат правна и политичка битка но и поддршка од ЕУ откако тоа го најави од Брисел и лидер на партијата Филипче .

ТВ 24 ги контактираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде велат

– Наводите на СДС дека усвоената резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставува грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно правната природа на овој акт . Резолуцијата е политички акт на Собранието , со декларативен карактер преку кој законодавниот дом изразува став оценува појави од јавен интерес и утврдува политички позиции. Тоа не е закон ниту подзаконски акт. Отука тврдењата дека со Резолуцијата се гуши слободата на говор се правно неосновани.

Темата за мигрантите ја отвори опозициската СДСМ која се повикуваше и на дел од натписите на британските медиуми и врз база на тоа доставуваа резолуција во законодавниот дом која не помина и не беше гласана за да се најде на дневниот ред по што тие ја напуштија седницата но помина онаа на парламентарното мнозинство која пратениците на СДСМ ја дефинираа како скандалозна и донесена под политичко влијание и притисок.