Уште три фирми за медицински канабис ќе останат без дозвола за работа – контролите на министерството за здравство утврдиле пропусти поради што ќе им бидат одземени лиценците.
Претходно беа одземени шест дозволи за работа, меѓу кои и на фирмата Алфафарм – која е вмешана во аферата со шверц на марихуана во Србија. Досега 23 фирми се процесуирани, а здравствените власти најавуваат дека контролите ќе продолжат во сите фирми кои се занимаваат со овој бизнис.
„Досега 23 се процесуирани, од тие на три е сигурно дека ќе им се одземат лиценцата, четвртата се анализира. Знаете дека не сакам многу информации да давам, целиот процес е сензитивен, работат правниците и комисијата и за тоа ќе имаме прес конфренција и ќе ве известиме“….
Во меѓувреме нема нови информации околу истрагата за шверцот на марихуаната од Македонија во Србија и запленетите 40 тони дрога.
Во последната прес конфренција пред неколку дена Министерот за внатрешни работи – Тошковски соопшти дека има основани сомненија дека и други фирми за медицински канабис биле вмешани, но дека ќе треба повеќе време за да финишира истрагата во кој се вклучени и финансиската полиција, управата за финансиско разузнавање како и царината.
Според Тошковкси станува збор за организирана криминална група и рече дека нема само транспортерите да одговораат туку и оние кои стојат зад крининалните групи.









