Македонија гласаше, ама не цела. Повеќе од половина со право на глас останаа дома. Според ДИК, на локалните избори 2025-та за советнички листи- гласале 48,29% од запишаните избирачи. Победник според општинските советнички листи е ВМРО-ДПМНЕ со 301.902 гласови.
Има два и пол пати повеќе од следниот резултат, вторите- социјалдемократи кои имаат 125.874 партиски гласови.
Помалата излезност,многуте независни листи, но и огромниот број на неважечки ливчиеа, над 50 илјади или 5,65% од гласачите им пресудија и на партиските резултати.

Па, така во проценти, ВМРО-ДПМНЕ за една година паднало за 129 илјади гласови, односно за повеќе од 9%- лани освоија 43,27% од вкупниот број излезени гласачи вчера 34,14%. Пад имаат сите партии. СДСМ има 27 илјади гласови односно 1,1% од уделот помалку од лани.
ДУИ паднале за 1 процент односно за 23 илјади гласови. ВРЕДИ освоиле речиси 15 илјади помалку гласови, а Левица за 10 илјади гласови помалку. ЗНАМ пак има 17 илјади гласови помалку од лани. Сите имаат послаб удел во процентот на освоени гласови.
На градоначалничките листи пак е многу појасно. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освоиле 32 градоначлници, ВРЕДИ има 5, ДУИ-4, а СДСМ има тројца градоначалници. Освен една градоначалничка, сите избрани се мажи.
За споредба со претходните локални избори пред 4 години, големите партии бележат раст освен големиот речиси двоен пад на советнички листи за СДСМ. Социјалдемократите за 4 години од 237 илјади паднале на 125 илјади гласови на советнички листи.
ВМРО-ДПМНЕ има освоено 13 илјади повеќе од 2021-ва, ДУИ освоил над 10 илјади гласови повеќе од претходните локални избори, а подобар скор за над 7 илјади гласови има и Левица. ЗНАМ тогаш не постоеше, но освои 10 илјади гласови во Куманово.
Резултати на советнички листи, по партии, Локални избори 2025: ДИК
Излезени гласачи: 884.417 (48,29%)
ВМРО ДПМНЕ 301.902 (34,14%)
СДСМ 125.874 (14,23%)
ДУИ 113.477 (12,83%)
ВЛЕН 91.974 (10,4%)
Левица 57.086 (6,45%)
ЗНАМ 38.485 (4,35%)
Коалиција Искуство (ЛДП/ГРОМ/Интегра) 13.099 1,48%
неважечки 50.007 5,65%
Извор: Телма









