Семејството на Фросина Кулакова повика на протест за денеска во 17 час пред Универзалната сала

0
249

Таткото на Фросина Кулакова повика на протест за денеска во 17 часот пред Универзалната сала.

Рече дека не е задоволен од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова.

Судијката образложувајќи ја својата одлука да одреди 12 години, кажа дека судот како олеснителна околност го зема признанието на претходното рочиште, како и тоа дека е млад, имал чувство на вина, покажал жал, изразил сочувство и се извинил.

За одбраната на Васил Јованов, пак, казната е превисока со оглед на судската пракса во слични случаи, и најавија жалба пред апелација.