Се вжешува кавгата на Трамп со Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“

0
287

Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот доскарешен соработник, милијардерот Илон Маск.

На прашање од Дејли Меил за тоа дали ќе го депортира Маск, Трамп одговори: Не знам. Ќе видиме. Можеби ќе треба да му го пуштиме DOGE. Знаете што е DOGE? Тоа е чудовиште што можеби ќе треба да се врати и да го изеде Илон“.

Трамп го искористи моментот за да ги нападне големите државни субвенции добиени од компаниите на Маск – Tesla и SpaceX – тврдејќи дека тие му овозможиле на Маск енормен успех.

„Без субвенции, Илон ќе мораше да затвори, да се врати во Јужна Африка, без ракети, сателити и електрични коли“, напиша Трамп на неговата платформа Трут Соушл. Тој додаде дека Одделот за ефикасност во Владата (DOGE) треба внимателно да ја истражи оваа финансиска поддршка и да ја намали државната потрошувачка.