Независниот десничарски кандидат Калин Георгеску, чија кандидатура за претседателските избори ја отфрли романската Централна изборна комисија (ЦИК), денеска изјави дека Романија е „под тиранија“ и дека во „Европа владее диктатура“.
„Уште еден директен удар во срцето на демократијата ширум светот! Ми остана само една порака: ако падне демократијата во Романија, ќе падне и целиот демократски свет. Ова е само почеток. Толку е едноставно! Европа сега е диктатура, Романија е под тиранија“, напиша Георгеску на својот Фејсбук.









