Собранието изгласа формирање Анкетна комисија што ќе ги разгледува трагедиите во Кочани, модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

0
480

Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Северна Македонија. Анкетната комисија се формира на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и ќе се фокусира на трагедиите во Кочани, во модуларната болница во Тетово и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци.

Собранието не ја прифати иницијативата за Анкетна комисија за случувањата во Кочани поднесена од СДСМ, Левица и ДУИ за која гласаа само 28 пратеници. На седницата е донесена одлука и за распишување оглас за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.