Советот на јавни обвинители не одлучуваше за барањето за смена на Коцевски

0
255

Советот на јавни обвинители ја одложи денешната седница на која требаше да се разгледува предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Причина за одложувањето според претседателката на советот е немањето кворум за седница – односно отсуство на тројца обвинители поради здравствени и семејни причини. Одложувањето на седницата Димитриевска вели не се должи на вчерашната најава на премиерот дека постапката за разрешување на Коцевски ќе биде запрена, бидејќи до нив, не бил пристигнат никаков допис за постапката да биде ставена во мирување. Од Влада денеска објаснија дека запирањето на постапката за разрешување на Коцевски ќе се случи откако до нив ќе пристигне одговорот од советот.