Со осветлувањето на елката почнува предновогодишното празнување на плоштадот во Скопје

0
162

Со свечено осветлување на елката на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје и со отворање на божиќниот маркет денеска почнува предновогодишното празнување во Скопје. Секојдневно од 18 часот, до 31 декември, за граѓаните е подготвена богата празнична програма, со многу музички настани. За најмладите се посветени викендите.

На денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски заедно со неколку македонски пејачи ја претстави програмата за новогодишната прослава во главниот град.

Според него, целта е Скопје да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации

Денеска во 18 часот во срцето на градот, на плоштадот ‘Македонија‘ свечено ќе биде осветлена новогодишната елка и официјално ќе биде отворен Божиќниот маркет, со што симболично означуваме почеток на празничните случувања во нашиот главен град“,
кажа тој.

Во периодот од 15 до 31 декември, од 18 часот, граѓаните ќе можат да уживаат во богата програма со музички настапи, диџеј-сетови и уметнички изведби.