Српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста рече дека има уште четири дена до целосен прекин на работата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) доколку американската влада не ѝ ја одобри лиценцата за работа, пренесува регионалниот сервис на „Радио слободна Европа“ (РСЕ).
Вучиќ соопшти дека рафинеријата во Панчево од денеска го прекинува производството, односно дека нејзините погони се префрлени во процес на т.н. топла циркулација, со цел системот да остане функционален.
„Рафинеријата НИС работи мирно, сè уште не е исклучена, но нејзиниот режим на работа е понизок од вообичаениот. Тоа значи дека имаме уште четири дена до целосно запирање на работата доколку лиценцата не биде одобрена од американскиот ОФАЦ, односно од американската влада“,
кажа тој.









