ССМ излегува на протест: Се бара минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра

0
108

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во завчерашното интервју за „360 степени“ рече дека Македонија е на дното кога станува збор за платите и затоа не би рекол дека некому треба да му се чини многу зголемување на минималната плата од сегашните 397 на 600 евра

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот и барањата на ССМ, изјави дека минималната плата законски се зголемува во март и дека ќе го поддржат секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог. Во интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 премиерот рече дека синдикатите одбиле зголемување на платите за 40 отсто за четири години бидејќи, како што кажа, некој бил политички заробен

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска попладне во 17 часот излегува на протест, на кој ќе го повторат своето барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите други плати за сто евра.

На протестот, според најавите, се очекува да се приклучат синдикатите од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата и од други сектори. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, односно зградата на ССМ, а ќе заврши пред Владата.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во неделата преку отворено писмо порача дека протестот е одговор на ниските плати и тешката економска состојба на работниците.

 

„28 јануари е денот кога зборуваат работниците! Овој протест е за твојата плата, затоа што не стигнува од први до први. Кој ќе протестира за твојата плата ако не ти? Ако не излезме на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата“,

напиша тој.

360степени.мк

Фото: Фејсбук-профил на Слободан Трендафилов