Од денеска стапува на сила Одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, со која се зголемуваат тарифите за индискиот извоз до 50 проценти стапи.
Нова казнена тарифа од дополнителни 25 проценти беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната тарифа од 25 проценти.
Најпогодените категории на производи се текстил, скапоцени камења, накит, чевли, спортска опрема, мебел и хемикалии.
Одлуката беше донесена по пет неуспешни рунди преговори.









