Стефан Карапеоски Кајо:Во следните четири години – нов парк, младински културен центар и спортски игралишта

0
259

Во нашиот четиригодишен мандат се обврзувам на :

ТОП 3 ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИТЕ ❗️

1️⃣ Изградба на градски парк на просторот во поранешен Шик Јелак.

Со овој проект ќе се создаде модерен зелен комплекс кој ќе претставува ново белодробие на градот, место за одмор, рекреација и дружење на сите генерации.

2️⃣ Основање и изградба на Младински културен центар – МКЦ
Кој ќе ги има следниве содржини: сала за културни настани, простор за едукативни работилници, креативни ателјеа, библиотека и читална како и зона за дружење и спортски активности.

3️⃣ Изградба и реконструкција на четири мултифункционални игралишта – на спортскиот центар( веднаш до новото игралиште кое е во изградба) и во населбите Колтук, Фалише и Сараќино.
Со овој проект ќе се обезбедат современи простори за спорт, рекреација и дружење за сите генерации.

Твојот човек !
Твоето место !
За твојата иднина !