Стефан Карапеоски – Кајо четврти на листата на ВМРО-ДПМНЕ за Тетово : Ќе работам за младите и развојот на културата во Тетово

0
696

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по предлог на Општинскиот комитет на партијата во Тетово, Стефан Карапеоски –  Кајо е номиниран на четвртото место на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.

Карапеоски изрази благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, за укажаната доверба, како и до Општинскиот комитет во Тетово, Унијата на млади сили, месните комитети и останатите структури на партијата.

 Tој на својот фејсбук профил нагласи дека заедно со останатите кандидати ќе работи во интерес на граѓаните, со особен фокус на младите и развојот на Општина Тетово во областа на културата, каде што има значајно искуство.

„Вашата поддршка е моја обврска – обврска која ќе ја оправдам со конкретни дела“

„Заедно со останатите кандидати се обврзувам дека ќе работам во интерес на македонскиот народ, особено за потребите на младиот човек, за развој и афирмација на Општина Тетово, особено во областа на културата, каде највеќе го стекнав моето знаење и работно искуство изминативе години.“,- напиша Карапеоски, додавајќи дека ќе продолжи да работи за афирмација на Тетово и Република Македонија.