Студентите со брз одговор до Вучиќ: „Дебата? – Можеби кога ќе распишете избори!“

0
322

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги покани студентите на ТВ дуел. Не помина многу време, а одговорот веќе пристигна.

„Можеби кога ќе распишете избори!“, гласи кратка порака од студенти на Земјоделскиот факултет во Белград.

Потоа следеше соопштение од студентите на Филозофскиот факултет во Белград.

„Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно е дека тој нема одговор на народниот бунт, па сега би сакал да разговара со нас, кои со месеци ги нарекува терористи. Ќе дебатираме за визиите и програмите за иднината, во предизборната кампања, кога ќе ги распише изборите“, велат студентите од Филозофскиот факултет во Белград.

За потсетување потсетиме дека денес претседателот на Србија упати понуда до студентската популација преку својот омилен инстаграм профил.