Во пресрет на најавениот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик, градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.
Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.
Од Министерството за правда велат дека се отворени за соработка и дијалог. Посочуваат дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка. Како и претходно, велат дека правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, при што законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.









