ТАМАРА И КАРОЛИНА ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ СКОПЈАНИ

0
201

Познатите македонски пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева ќе бидат главни ѕвезди на новогодишниот концерт на плоштадот „Македонија“, потврди градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот на Градот. Новогодишната прослава годинава ја организира „Државната видео лотарија“, а условот на градоначалникот бил – да настапуваат само македонски изведувачи.

Освен двете поп-ѕвезди, на сцената ќе настапат и изведувачи од македонската народна музика, а предвидени се и три до четири дена програма за најмладите. Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани за заеднички дочек на Новата година во центарот на градот.